Xiaomi продаде 500.000 телефони Redmi Note 11 за еден час

63

Xiaomi минатата недела ја претстави серијата на телефони Redmi Note 11, а уредите привлекоа голем интерес.

Официјални извори велат дека за само еден час се продадени повеќе од 500.000 примероци од моделот Redmi Note 11, како и моделите Redmi Note 11 Pro и Redmi Note 11 Pro + кои се нарачани.

Стандардниот Redmi Note 11 чини околу 185 долари, има процесор Dimensity 810, LCD екран од 6,6 инчи со стапка на освежување од 90 Hz, како и батерија која поддржува брзо полнење од 33 W.

Про верзиите користат помоќен процесор Dimensity 920, имаат четири камери и уште побрзо полнење, а плус верзијата достигнува 120 W.