XLT Flyer Adventure – мултифункционална приколка

57

010

Фото: inTech RV

inTech RV, компанија со седиште во Индијана, креираше приколка во којашто корисникот може да смести сè што му е потребно за на пат и повеќе од тоа, пишува Curbed.

Главната кабина на XLT Flyer Adventure може да смести голем мотор за тешко достапни места, неколку крос мотори или повеќе велосипеди. Заедниот дел, исто така, има простор за багаж, а она што е најинтересно се шаторите што излегуваат од двете страни на приколката и каде можат да преспијат четворица патници.

Освен во шаторите, може да се преспие и внатре во приколката без да се вади останатата опрема. Тоа заштедува многу време и ги чува вредните работи на сигурно. Покривот е уште едно место каде може да ставите багаж, како на пример кајак, а внатре има кујна со електричен шпорет, фрижидер и екстра простор за подготовка на храна.

Внатрешноста на XLT Flyer Adventure доаѓа во три бои јавор, цреша и сива боја.

Цената на мултифункционалната приколка изнесува 17.545 долари.

adventure2