Xperia Touch, проектор што површината ја претвора во екран на допир

32

pr

Xperia Touch е интерактивен проектор на Sony што секоја рамна површина ја претвора во 23 инчен екран на допир. Корисниците може да го користат овој уред за игри, образование, онлајн видео пренос и комуникација, пишува Dezeen.

Интерактивниот проектор на Sony поддржува апликации достапни на Google Play, а на програмерите и архитектите им нуди сосема нова работна платформа.

Xperia Touch ќе биде достапен преку одбрани дистрибутери и онлајн продавници на Xperia во некои европски земји од оваа пролет. Проекторот чини 1.499 долари.