Карина Дојл, дизајнерка од Германија, создаде када што може да се склопи и да се носи онаму каде што е потребно, пишува Gizmodo.
Наречена XTEND, дебелината на кадата кога е склопена изнесува само 8,5 милиметри, што значи може да ја собере во багажникот на автомобилот или во некој поголем куфер. Нејзината тежина изнесува скоро седум килограми, а се состои од рамка изработена од карбонски влакна и довод за капење.
Под рамната подлога се наоѓаат четири ногарки коишто се виткаат во аглите на дизајнот со цел да создадат рамка за внатрешноста што ја задржува водата. За кадата се поврзува цевка од којашто доаѓа вода, а исто така во неа се наоѓа и туш.
Кадата е одлично решение за оние туристи кои патуваат во хотели каде што нема када за да се релаксираат по напорниот пат. Она што е потребно за да функционира е само поврзување на цревото со било кој довод на вода.
XTEND ја освои наградата за најдобар дизајн на минатогодишните Red Dot награди, а Дојл засега, нема планови за нејзино масовно производство.