Yahoo го купува Tumblr за 1,1 милијарда долари

23

tumblrУправниот одбор на Yahoo го одобри планот за купување на Tumblr за 1,1 милијарда долари, пишува The Wall Street Journal.

Ова е првиот крупен чекор на Мариса Мајер како извршен директор на Yahoo. Таа се одлучи да купи социјална мрежа со помлада публика што Yahoo очајнички ја посакуваше во последните неколку години.

Се претпоставува дека со своите 107 милиони микроблогови, Tumblr на Yahoo ќе му донесе 15 милијарди прегледи месечно и ќе привлече млада публика. Tumblr бележи се поголем раст, а Yahoo има се повеќе проблеми во наоѓањето реклами, па затоа беше во потрага по компании кои преферираат помлада публика.

Tumblr е еден од најголемите блогерски сервиси, а неговите корисници се стари во просек од 18 до 24 години.

Извршниот директор на Tumblr, 26 годишниот Дејвид Карп ќе остане вклучен скоро автономно во работата на компанијата по преземањето.