Yahoo и AOL продадени за пет милијарди долари

52

Verizon Communications се ослободи од своите медиумски компании кои ги вклучуваат (некогаш) култните брендови Yahoo и AOL за пет милијарди долари, со што го заврши скапото и неуспешно патување во светот на медиумите и рекламирањето.

И покрај тоа што потроши повеќе од една деценија и милијарди долари за градење стабилни Интернет брендови, телекомуникациската компанија со седиште во Њујорк се бореше да напредува во високо конкурентен простор за рекламирање преку Интернет во кој доминираат Facebook и Google.

Verizon ќе добие само 4,25 милијарди долари во готовина од Apollo Global (кој е купувач), заедно со повластена камата од 750 милиони долари.

За Apollo зделката доаѓа во време кога големите интернет платформи “окупираат“ огромни парчиња на пазарот за дигитално рекламирање.

Verizon во 2015 го купи AOL за 4,4 милијарди долари, а во 2017 го купи Yahoo за 4,5 милијарди долари.

Фото: Facebook