Yahoo распродава домени

39

yahooОткако ја презеде функцијата извршен директор, Мариса Мајер работи со полна пареа за да го ревитализира Yahoo. Таа инсистираше вработените да престанат да работат од дома, се справи со непродуктивните работници и ги исчисти некористените имејл сметки. Сега Yahoo стави на аукција цела листа имиња на домени на компанијата, кои никогаш не биле употребени.

“Откако разговаравме што да правиме со нив, очигледно беше дека е време да ги ослободиме… назад во дивината на интернетот. Креативни луѓе, бизнисмени и претприемачи би можеле да направат нешто големо со нив. Дури би можеле да предизвикаат создавање на сосема нови идеи или компании”, објави Yahoo.

Некои од “премиум” домените што се ставени на продажба се sandwich.com, crackers.com, jockeys.com. Некои од оние што се помалку “премиум” се finalcountdown.com, truestory.com, cursed.com.

Цените се движат помеѓу 1.000 долари и 1,5 милиони долари. Наддавањето почна на 14 ноември и ќе трае една недела.

Целата листа на домени на продажба можете да ја видите овде.