Yahoo продолжува со кратење на трошоците, а во овој бран се опфатени помалку профитабилните сервиси на компанијата. Ќе се укинуваат седум сервиси коишто не носат резултати какви што се очекуваат. Во нив спаѓаат Yahoo App Search, Yahoo Sports IQ, Yahoo Clues, Yahoo Message Boards, Yahoo Updates API, Yahoo Avatars и Yahoo app for Blackberry.
Апликацијата за BlackBerry на BlackBerry App World ќе биде достапна до 1 април, а потоа веќе нема да може да се преземе. Од компанијата ги советуваат корисниците на услугата Yahoo Avatars своите аватари да ги зачуваат локално на своите компјутери, за да можат подоцна да ги користат.
Во последниот квартал од 2012 година, Yahoo оствари приходи во висина од 1,35 милијарди долари, што е на исто ниво од претходната година. Заработката изнесуваше 272 милиони долари, што е за 8% помалку во однос на истиот период година претходно.