YDP Tower – кула во форма на 3D отпечаток од прст

39

ydp_3-e1461014326292YDP Tower планирано е да биде изградена во Сеул, Јужна Кореја, пишува Architects’s Newspaper. Зад нејзиниот уникатен дизајн стои архитектот Мун Хун, а истата личи на човечки прст извајан на интересен начин.

Она што е најспецифично за оваа градба е тоа што надворешноста е 3D реплика на отпечаток од прстот на сопственикот. Интересен начин да се даде до знаење во чија сопственост е објектот.

Дел од зградата, пентахаусот на покривот ќе биде живеалиште на јужнокорејски актер, додека долните четири ката ќе бидат студија за изнајмување. Првиот кат од зградата ќе биде на висина на крововите на соседните градби коишто се значително пониски. Приземјето е резервирано за паркинг, а нагоре ќе води лифт и спирални згради.

На покривот ќе има градина, а според архитектот кулата ќе биде со двојна фасада изградена со метод на хибридна конструкција – мешавина од челик и бетон.

ydp_4-e1461014348836ydp_2-e1461014283782