Група млади велосипедисти го дизајнираа велосипедот којшто не може да се украде, бидејќи доколку некој се обиде да го стори тоа велосипедот ќе се распадне, пишува London Evening Standard.
Велосипедот го доби име Yerka, а специфичен е по тоа што за заклучување ја користи сопствената рамка, па доколку некој се обиде да го украде, Yerka нема да биде во возна состојба.
Штом корисникот сака да го паркира велосипедот, тоа може да го направи покрај некое дрво или столб, така што ќе го извади седиштето и ќе го вметне во посебен дел од рамот на велосипедот, по што Yerka е безбедно заклучен и заштитен од кражби.