Yomee – уред за подготовка на здрав јогурт

49

yomee

Фото: Kickstarter

Компанијата Lecker Labs од Лос Анџелес направи уред што го одработува целиот процес за производство на јогурт, вклучувајќи греење на млеко до 85 степени (пастеризација), мешање, додавање на таблети, ферментација и ладење.

Со уредот Yomee, исто така, се продаваат и таблети што содржат добри бактерии и се раствораат во млекото, а имаат различен вкус.

Со овој уред може да се подготват различни типови на јогурт (течен, густ, вегански…).

Поставен е на платформата за групно финансирање Kickstarter каде што успеа да собере 136.808 долари од 1.002 поддржувачи.