Почетна Новости YouTube ги отстранува поп – ап рекламите и линковите во видеата

YouTube ги отстранува поп – ап рекламите и линковите во видеата

22

Уште во мај минатата година, YouTube најави дека ќе ги тргне анотациите, поп – ап реклами и линкови што се појауваат додека траат видеата, пишува The Verge. Компанијата на својата веб страна објави дека од 15-ти јануари 2019 ќе престанат да ги емитуваат постоечките анотации.

Анотациите не функционираа на мобилните телефони и наместо да креираат соодветни, YouTube ги претстави Cards. Во 2016 компанијата ги создаде End Screens и како што тие две алатки добиваа популарност, користењето на анотациите опадна за 70%.

Од компанијата велат дека во споредба со анотациите, Cards и End Screens се многу полесни за користење и креирање и добро функционираат и на мобилна верзија.

Фото: Pixabay