YouTube ќе лансира канал за видео игри

22

you tube gaming

Познатиот on line канал, YouTube, ова лето лансира нова апликација и интернет страница за сите вљубеници во видео игрите – YouTube Gaming, стои на официјалниот блог.

“Новата апликација и интернет страница ќе ви помогнат да бидете во тек со видео игрите и играчите преку видеа, пренос во живо и целата веб заедница од овој сегмент ќе биде на едно место“, се вели на блогот на YouTube.

YouTube Gaming ќе има база на веб страници со повеќе од 25.000 видео игри. Сајтот ќе им помогне на корисниците да емитуваат  играње на видео игри во живо без претходно закажување на термин.

Овој канал најпрво ќе биде достапен во Велика Британија и САД.