YouTube Kids – апликација на популарниот канал за видеа прилагодена за деца

23

youtube kids

Познатиот канал за видеа YouTube минатата недела ја најави апликацијата YouTube Kids. Станува збор за апликација што е прилагодена на потребите и желбите на најмладите.

YouTube Kids сега е достапна за преземање од App Store и Google Play, што им дава можност на родителите кои се корисници на iOS и Android уреди да им пружат вистинско задоволство на своите деца да уживаат во видеата наменети за нив, пишува Mashable.com.

За родителите, YouTube беше меч со две острици, поради различните содржи што може да се најдат на овој канал. На YouTube Kids платформата веќе има голем број содржини прилагодени на децата, но нема ефикасен начин за уредување со што би се заштитиле децата од несоодветни видео снимки.

Дури и оваа верзија на YouTube содржи реклами.