YouTube размислува за наплата на содржините

49

youtube

Популарниот интернет музички канал YouTube би можел наскоро да почне да ги наплатува своите содржини во замена за отстранување на рекламите, изјави директорката Сузан Војцицки, пишува Wall Street Journal.

“Посетителите на YouTube во иднина ќе можат да избираат меѓу рекламите или можноста да платат за гледање на содржините“, вели таа.

YouTube засега се финансира со наплата на кратки реклами кои посетителите на страницата мора да ги погледнат пред да го погледнат видеото што го сакаат.

“Размислуваме за опцијата да им дадеме избор на корисниците“, вели директорката на YouTube. Таа тврди дека има корисници кои се подготвени да платат за да не ги гледаат рекламите.