YouTube тестира претплата што сама ги отстранува рекламите

19

Платформата YouTube тестира претплата што овозможува гледа видео содржини без реклами, но без можност за преземање на видеата, користење на услугите на YouTube music и репродукција во позадина.

Меѓу првите пакетот Premium Lite е забележан во Холандија, Финска и Шведска, а засега е познато дека услугата се тестира во Европа.

Пакетот чини 6,99 евра месечно, додека редовната цена е 11,99 евра. YouTube потврди дека понудата се тестира и за Белгија, Данска, Луксембург и Норвешка со локални еквиваленти на цените.

За споредба, Netflix Basix чини 7,99 евра во некои од тие региони.

На страницата на YouTube Premium Lite се наведува дека YouTube и YouTube Kids без реклами може да се следат на повеќе уреди, вклучувајќи мобилни уреди, компјутери и телевизори.

Подостапните цени за да се овозможат основните услуги без реклами за помалку пари би требало да привлечат и поголем број корисници, а со тоа и повеќе приходи од претплата.

Фото: Pixabay