Z Grills elite 900: Иновативна скара на пелети

113

z-grill

Фото: Indiegogo

Z Grills elite 900 е иновативна скара што користи дрвени пелети за подготовка на различни видови на храна.

Во оваа скара има систем за дигитална контрола на температурата и автономно ја додава потребната количина на пелети. Со рамномерна дистрибуција на топлината, корисникот е сигурен дека храната се подготвува рамномерно од сите страни.

Оваа скара е мал потрошувач и на електрична енергија, но и на пелети. Во исто време ја заштитува и животната средина бидејќи не ослободува никакви штетни гасови.

За дизајнот на оваа скара стои истоимениот американски старт – ап, којшто го претстави својот проект на глобалната платформа за групно финансирање Indiegogo. Првично побараа поддршка од 50.000 долари, а на 10 дена пред крај на кампањата, успеаја да соберат над 208.000 долари.