За 109% скок на прометот во индустријата во април

18

Прометот во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 109%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 67,3%, Капитални производи за 359,5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 103,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 34,6%.

Прометот во индустријата, вкупно, во април 2021 година, во однос на март 2021 година, е намален за 2,9%, додека во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година, растот е 22%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2021 година, во однос на април 2020 година, е зголемен за 20,8%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23,8%, Капитални производи за 27,6%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 71,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,3%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2021 година, во однос на март 2021 година, е зголемен за 1,4%, додека во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година, има пораст од 2,4%.

Прометот во индустријата на странските пазари, во април 2021 година, во однос на април 2020 година, е зголемен за 162%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 86,6%, Капитални производи за 402,7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 110,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 50,1%.

Прометот во индустријата на странските пазари, во април 2021 година, во однос на март 2021 година, е намален за 4,3%, додека во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година, има пораст од 27,1%.

Фото: Freepik