За 125 милиони евра: Фолксваген ги продаде сите средства во Русија

47

Германскиот производител на автомобили Фолксваген ја заврши продажбата на своите руски средства, се вели во соопштението на оваа компанија.

Продажбата на акциите во руската групација Фолксваген, вклучително и подружниците, е завршена, се додава во соопштението, пренесува РИА Новости, пренесува Танјуг.

Продадена е и фабриката за автомобили во градот Калуга.

Агенцијата Интерфакс во вторникот објави дека Фолксваген добил одобрение од властите во Москва да го продаде својот имот во Русија за 125 милиони евра на руската компанија Авилон.

Германскиот производител на автомобили долго време е активен во Русија и отвори фабрика во Калуга во 2007 година, потсетува агенцијата.