За 13,5% намалено индустриското производство во јануари

19

Индустриското производство во јануари оваа година, во однос на јануари минатата година, е намалено за 13,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи опаѓање од 34,3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 9,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11,7%. Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 31,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5%, Капитални производи за 18%, Трајни производи за широка потрошувачка за 20% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,3%.

Фото: Pexels