За 15-от роденден Gmail со нова услуга – закажување на мејлови

24

Google пред 15 години за прв пат го претстави Gmail, а сега претстави уште една нова услуга. Станува збор за закажување на време кога одреден мејл треба да биде испратен на саканата адреса.

Откако мејлот ќе биде напишан, корисникот треба само да одбере време на испраќање.

Како што велат од компанијата, се случува да се напише мејл доцна навечер, но за да се почитува приватноста на тој што треба да го добие, истиот со помош на новата алатка ќе се испрати во “разумно време“.

Google неодамна го претстави и Smart Compose, алатка што со помош на вештачка интелигенција “знае“ што следно ќе напишете и предлага воведен текст, со цел да се заштеди време. Од компанијата потврдуваат дека алатката е достапна за сите корисници на Android (за iOS се очекува наскоро) и освен на англиски ја има на француски, италијански, португалски и шпански.

Фото: Google