За 16,3 милиони евра зголемени девизните резерви на крајот на мај

42

Официјалните девизни резерви на земјава на крајот на мај оваа година достигнаа ниво од 4.019.810.000 евра, што е за 16,3 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народна банка.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (75,6%). На крајот на мај годинава, тие имаа салдо од 3.038.520.000 евра, додека еден месец претходно изнесуваа 3.144.620.000 евра, а во мај 2020 година беа 2.413.890.000 евра.

Валутите и депозитите зафаќаат 15,8% од вкупните девизни резерви, а на крајот на минатиот месец вредеа 634.530.000 евра, еден месец претходно 533.910.000 евра, додека салдото на крајот на мај лани им беше 319.880.000 евра.

Монетарното злато во вкупните девизни резерви учествува со 8,6%, а заклучно мај 2021 година имаше вредност од 634.530.000 евра, еден месец претходно 533,9, а во мај лани вредеше 343,6 милиони евра.

Девизните резерви се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели. Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка коишто не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.

Фото: Freepik