За 30,2% намален бројот на детски градинки во 2020 година

21

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година (состојба на 30 септември), вкупниот број деца во установите за згрижување и воспитание на деца − детски градинки/центри за ран детски развој изнесува 26.589, што претставува намалување за 30,2% во однос на 2019 година.

Со годишните извештаи во 2020 година се опфатени 96 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 6,8% помалку во однос на 2019 година.

Овие установи им обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата на возраст до шест години во согласност со нивните развојни потреби, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до две години, групи на деца во развоен период од две години до тргнување на училиште, комбинирани групи, групи на деца со пречки во развојот, групи на деца во центар за ран детски развој во состав на детска градинка, групи за пилот-програми, групи за вонинституционална форма на активност) и други групи (за престој и исхрана).

Фото: Pexels