За 48 часа потрошени над 11 милијарди долари – нов рекорд на Prime Day на Amazon

56

Прометот на мало во САД во текот на 48-часовниот настан Prime Day на Amazon го надмина претходниот рекорд за време на минатогодишниот Cyber Monday.

Вкупниот промет во електронската трговија во понеделникот и вторникот изнесуваше над 11 милијарди долари, што е за 6,1% повеќе во однос на Prime Day одржан во октомври минатата година.

Прометот на мали на првиот ден од Prime Day изнесуваше 5,6 милијарди долари, додека вториот ден достигна 5,4 милијарди долари.

Понеделник беше најпрометниот ден за дигитална продажба за оваа година, а вторникот втор по вредност.

Во текот на минатогодишната сезона на празничен шопинг, за време на Cyber Monday, остварен е промет од околу 10,9 милијарди долари, што е американски еднодневен рекорд во онлајн продажбата.

Фото: Facebook