За 58% зголемен прометот во индустријата во мај

19

Прометот во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 58%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 57,1%, Капитални производи за 116%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 54,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,4%.

Прометот во индустријата, вкупно, во мај 2021 година, во однос на април 2021 година, е зголемен за 1,9%, додека во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на периодот јануари – мај 2020 година, е зголемен за 28,1%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, е зголемен за 9,5%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,6%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 40,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,7%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 1,4%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2021 година, во однос на април 2021 година, е намален за 0,5%, додека во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на периодот јануари – мај 2020 година, е зголемен за 3,8%.

Прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, е зголемен за 77,2%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 81,1%, Капитални производи за 121,5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 50,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,4%.

Прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2021 година, во однос на април 2021 година, е зголемен за 3,9%, додека во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на периодот јануари – мај 2020 година, е зголемен за 35%.

Фото: Pixabay