За 60 дена ќе се воведе авиолинија Софија-Скопје

78

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешната заедничката прес конференција со неговиот македонски колега најави дека за 60 дена ќе почне да сообраќа авионската линија Скопје-Софија.

„Добрососедството отсега ќе се мери во чекори и реално постигнати резултати. Авиолинијата Софија-Скопје ќе биде реалност. Точните спецификации ќе ги имаме за 30 дена, а во рок од 60 дена оваа линија ќе профункционира“, информира Петков.