За 66% помалку патници во светскиот авиосообраќај лани

45

Светскиот превоз на патници во авиосообраќајот лани се намали за 66% во однос на 2019 година, покажуваат податоците на Меѓународната асоцијација за авиосообраќај (International Air Transport Association – IATA).

“Тоа е најголем пад што овој сектор некогаш го доживеал“, смета Брајан Пирс, главен економист на IATA.

Изгледите за закрепнување во 2021 година се влошени поради појавата на нови видови на коронавирус, иако прогнозите за оваа година не се официјално ревидирани.

Падот од 10,6% на годишно ниво во 2020 година на глобалната побарувачка за авиопревоз на товар има најголем пад од 1990-та година, пренесуваат светските медиуми.

Фото: Freepik