Пазарот на недвижнини во Црна Гора од март минатата година и појавата на коронавирусот бележи голем пад, а според голем дел од градежните инвеститори и претставници на агенции за недвижнини, ниту на почетокот на годината нема знаци на закрепнување, пишува црногорска Побиједа.
Закрепнувањето на црногорскиот пазар на недвижнини зависи од динамиката на имунизација во земјата и најразвиените европски земји и Русија. Освен пандемијата, на таквата состојба влијание имала и нестабилната политичка ситуација во земјата.
Се очекува стабилизирање на пазарот, како и зголемена понуда и побарувачка на недвижнини, пред сè на станови на крајот на оваа или на почетокот на следната година.
“Дури и пред пандемијата прометот не беше голем, односно беше лош. Мојата продажба на станови се намали за 80% во однос на периодот пред пандемијата, а бидејќи немам никакви обврски кон банките, не ги спуштив цените и прометот е прилично лош“, вели Мехмед Коларевиќ, градежен инвеститор од Црна Гора.
Фото: Pexels