За автомобил на годината 2023 доминираа електричните модели, а победник е Jeep Avenger

104

Jeep Avenger ја освои наградата Автомобил на годината за 2023 година на церемонијата одржана за прв пат на меѓународниот саем за автомобили во Брисел.

Avenger доби 328 поени и 21 најдобар глас од жирито за Автомобил на годината. Ова е првпат американскиот бренд, кој сега е дел од групацијата Stellantis, да го освои овој престижен трофеј. Оваа престижна награда годинава го прославува своето 60-то издание.

Вкупно 57 членови на жирито од 22 европски земји дадоа 241 глас за Volkswagen ID. Buzz кој беше втор, постигнувајќи 16 најдобри квалификации.

На третото место е Nissan Ariya со 211 бодови, додека Kia Niro е четврта со 200 бодови. Renault Austral со 163 бодови се најде на петтата позиција, додека Peugeot 408 е шести со 149 бодови. Рангирањето завршува со Subaru Solterra/Toyota bZ4X, со 133 поени.