За да застанат на “цврсти нозе“, Германија ја продолжува економската поддршка на компаниите

27

Германија ќе ја продолжи економската поддршка на компаниите погодени од пандемијата до крајот на септември, со цел да им помогне да застанат на “цврсти нозе“ кога ќе заврши кризата, објави германската влада.

Помошта, за која компаниите во најголемата европска економија можеа да аплицираат под услов да докажат дека кризата ги уништила нивните приходи, требаше да истече на крајот на јуни, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 105 милијарди евра се ставени на располагање на компаниите на почетокот на кризата предизвикана од коронавирусот. Владата на канцеларката Ангела Меркел, исто така се согласи  да ја продолжи специјалната програма за надоместоци за скратено работно време до крајот на септември, со цел да се ублажи ефектот на пандемијата на пазарот на трудот.

Владата издвои околу 32 милијарди евра за работа со скратено работно време.

Фото: Pixabay