За единаесет месеци годинава турскиот извоз на Балканот близу 19 милијарди долари

Турскиот извоз на Балканот за 11 месеци од годинава е зголемен за 19,2 отсто во однос на истиот период лани и достигна 18,89 милијарди долари. Најголем извоз е направен во Романија (5,72 милијарди долари), додека најголем пораст во споредба со истиот период лани е забележан во Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Според податоците до кои дојде Anadolu Agency од Собранието на турски извозници (ТИМ), во 11-те месеци од годинава во балканските земји се извезени 18 милијарди и 894 милиони долари, меѓу кои Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Романија, Србија, Словенија и Грција.

Во истиот период лани таа бројка беше на ниво од 15 милијарди и 857 милиони долари, па извозот на Балканот е зголемен за 19,2 отсто во однос на лани.

Најголем извоз во споменатиот период меѓу балканските земји е остварен во Романија (5,72 милијарди долари), потоа Бугарија (4,85 милијарди долари), Грција (2,6 милијарди долари), Србија (1,58 милијарди долари) и Словенија (1,48 милијарди долари).

Извозот во другите земји во регионот беше помалку од една милијарда долари, Албанија (899,66 милиони долари), Босна и Херцеговина (667,35 милиони долари), Северна Македонија (593,76 милиони долари), Косово (571,54 милиони долари), Хрватска (526,26 милиони долари) и Црна Гора ( 142,12 милиони долари).