Издавачката куќа Ад Вербум и Европа 92, в недела, на 09.04.2017 година, во Промотивниот центар – Хала 2 на Скопски саем, со почеток во 12 часот, ќе одржат трибина на тема За каква реконструкција плаче патот меѓу книгата и читателот. Панелист на трибината ќе биде писателот Милован Стефановски.
Во недела, од 17 часот се организира промоција на книгата Од агресија до љубов од авторите Теодора Костовски и Методија Чепреганов.
Издвачката куќа Ад Вербум, прв пат оваа година пред македонската публика претставува многу значајни наслови од светската стручна литература преведени на македонски јазик. За прв пат ја промовира и едицијата Про Македонија на македонски јазик – факти, статии и спомени на директни учесници од македонската историја.