За компаниите во ЕУ, отцепувањето од Кина не е опција

110

Одвојувањето од Кина не е опција за компаниите во Европската унија, рече европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис на инженерска конференција во Берлин во вторникот, објаснувајќи како војната во Украина ја редефинира важноста на трговските партнери на блокот од 27 нации.

„ЕУ треба да продолжи да соработува со Кина прагматично и без наивност. На нашите трговски односи им треба повеќе рамнотежа и реципроцитет“, рече тој, повикувајќи да се фокусира повеќе внимание на подобро управување со ризикот и диверзификација наместо на повлекување, пренесува Ројтерс.

Домбровскис подвлече дека, освен со Кина, се променети и односите на ЕУ со уште еден важен трговски партнер, Соединетите Американски Држави.

„Трансатлантските односи повторно оживеаја“, рече тој, додавајќи дека постои „длабока загриженост“ за американскиот акт за антиинфлација и придобивките што тој ги обезбедува за американските компании.

Домбровскис рече дека субвенциите наменети за зелената економија, кои се предвидени со овој акт, ја дискриминираат автомобилската индустрија, обновливите извори, како и производителите на батерии и енергетските индустрии на ЕУ.