За крајот на работната недела…

29

За работната недела да заврши со добра мисла…

Мудрите луѓе знаат дека понекогаш треба совет од експерт, оние другите веруваат дека знаат сè.

Најважниот ден во животот е кога превемаме целосна одговорност за нашето однесување. Тоа е денот кога вистински ќе “пораснеме“.

Да држиш лутина спрема некој е како да му помагаш да те измачува.

Можеш да имаш нешто, но не сè. Желбата да се има сè води само кон пропаст.

Животот не се состои од тоа колку брзо ќе стигнеш или колку високо ќе се искачиш, туку колку добро ќе одржиш рамнотежа.

Не можете да го прескокнете почетокот со надеж дека побрзо ќе стигнете до крајот.

Ако сакаме да го смениме нашиот живот треба да го “отвориме“ умот.

Штом ќе ги замените негативните мисли со позитивни ќе почнат да се нижат и позитивни резултати.

Ако не креирате сопствен животен план, големи се шансите да станете дел од нечиј туѓ.

На крајот на денот, животот се состои од грешки и учење, чекање и созревање, вежбање трпеливост и практикување упорност.