За миење садови 1.000 евра и повторно им недостасуваат работници

303

Хрватска се соочува со недостаток на работна сила, а работниците недостасуваат во областите како што се Кордун и Банија, Лика и Горски Котар. Штом се разбуди туризмот, Јадранот повторно покажа недостаток на вработени од сите профили – готвачи, рецепционери , келнери, собарки…Мајстор нема ни за лек, а ако ви се случи некаква штета можете да се збогувате со поправката до септември или октомври, пишува Слободна Далмација.

Во екот на сезоната, туризмот пука по рабови. Резервациите пристигнуваат во последен момент. Никој не се подготвил за ваков наплив на гости, па во последниве денови често има ситуации во кои нема кој да обезбедува услуги за сместување, или изнајмување автомобили на странци, а во многу ресторани, поради недостаток на работна сила, едвај нарачките пристигнуваат на време.

Ниту ниската цена на трудот веќе не е проблем. Во рекордната 2019 година, платите на готвачите, како дефицитарни и ценети поради природата на нивната работа, значително се зголемија, но тие сè уште недостасуваат затоа што се барани и во странство.

Миењето садови и персонал што му помага на готвачот, работни места за кои не е потребно посебно знаење, туку само добра волја, се плаќаат илјада евра, но сепак недостасуваат оние што би работеле во тие позиции.

Кои се причините за недостаток на работна сила?

“Проблемот е комплексен. Станавме жртви на сопствениот успех и квалитетот што го постигнавме во одредени области. Еве, гледајте фудбал. Ние сме втори во светот. Нашите талентирани играчи играат претежно во странски клубови, бидејќи добија многу подобри понуди таму. Што се однесува до нашата угостителска понуда, но исто така и гледајќи го целиот сектор на услуги воопшто ја работиме оваа работа подобро и подобро од година во година. Нашите готвачи, келнери, но и фризери, масери, трговци …, добиваат подобри понуди од Европа, така што докажаниот добар персонал завршува во Германија или Ирска “, вели Иво Врдоjак, сопственик на познат ресторан во Сплит.

Врдоjак е на мислење дека заминувањето на работната сила преку граница може да се запре само со паметна и систематска државна политика.

“За среќа, јас го немам тој проблем, бидејќи собрав добар тим на време, но некои работодавци во Хрватска се принудени да ангажираат каква било работна сила, бидејќи едноставно не можат да изберат“, вели Врдоjак.

 

Фото: Pixabay