За полн резервоар со гориво треба да работиме два и пол дена

116

Македонците имаат плата од 437 евра, па за полн резервоар од околу 50 литри што чини околу 49 евра, треба да поминат 19,5 часа на работа или околу два и пол работни денови, анализира Блиц бизнис.

Граѓаните на Србија за полн резервоар со гориво мора да работат 20 часа или два и пол работни денови. За 50 литри бензин, колку што е просечниот капацитет на еден автомобил, возачите во Србија мора да платат 57,6 евра, а оние кои возат дизел, околу 61 евро. Со просечна плата што неодамна достигна 511 евра и осумчасовно работно време, тие заработуваат 2,9 евра на час, а тоа значи дека за полн резервоар треба да работат скоро 20 часа.

Во Словенија, вработените може да ги наполнат своите автомобили по само еден ден работа, поточно за околу 7,5 часа, додека на еден Германец му се потребни околу 5,5 часа.

Просечната плата во Црна Гора е 523 евра, а бидејќи за 50 литри бензин им се потребни 57 евра, тоа значи дека во просек треба да работат 19 часа. Во Босна и Херцеговина за полн резервоар треба да работат помалку од 16 часа или два работни дена.

Горивото во Хрватска, како што анализира Блиц бизнис, е најскапо меѓу земјите од поранешна Југославија, па за полн резервоар во оваа земја е потребно 61 евро. Со просечна плата од околу 900 евра, тие може да го наполнат резервоарот, работејќи еден и пол работен ден.

Пресметката, како што се наведува, е направена преку актуелната просечна плата и цените на горивата во регионот.

Фото: Pixabay