За половина година Русите дале 85 милиони евра за недвижен имот во Србија

94

Руските граѓани сè повеќе купуваат станови во Србија, а продажбата годинава е зголемена за 10 отсто, пренесува Bloomberg Adria.

Вкупната вредност на становите што Русите ги купија во првите два квартали е 85 милиони евра, од кои половината се купени во Белград. Русите се одлучуваат за Војводина, главно Нови Сад и Суботица.

Раководителката на Одделот за проценка на недвижности на Републичкиот геодетски завод, Ивана Штрбац, зборувајќи за странските државјани, рече дека руските граѓани предничат во купувањето станови и воопшто недвижности, а тој тренд продолжува од минатата година кога Руските граѓани почнаа да купуваат недвижен имот.

„Значи, во последните два квартали има дури и зголемување на бројот на руски граѓани кои купуваат недвижен имот за повеќе од 10 проценти. Но, парите, односно вкупниот промет е нешто помал од истиот период лани, а во првите два квартали вложиле вкупно 85 милиони евра во недвижен имот во Србија. Она што е многу интересно е дека регионот на Војводина е особено привлечен за нив, а се издвојуваат градовите Нови Сад и Суботица, каде што голем број од нив, дури половина од нив, одлучуваат да купат недвижен имот“, изјави таа за Bloomberg Adria.