За помалку од еден месец американскиот долг се зголеми за речиси 500 милијарди долари

Државниот долг на САД се зголеми за речиси 500 милијарди долари за помалку од еден месец – покажуваат податоците на американското Министерство за финансии.

Така, постигнат е нов рекорд во висина на американскиот долг од 33 трилиони и 513 милијарди долари.

Пред неполн месец, на 18 септември, државниот долг на САД изнесуваше 33 трилиони и 44 милијарди долари.

Тогаш за прв пат во историјата долгот ја надмина границата од 33 трилиони.

На почетокот на јуни оваа година, американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон за привремено зголемување на плафонот на долгот на земјата до 1 јануари 2025 година.