За помош за плати од петтиот пакет ќе се аплицира до 30 април

105

Денеска членовите на Комисијата за финансирање и буџет едногласно го прифатија амандманот на Законот за финансиска поддршка за самостојни вршители на дејност за месеците февруари и март, по скратена постапка, како и на законот за финансиска поддршка на работодавачите.

Фирмите и самостојните вршители на дејност за помош за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки ќе може да аплицираат до 30 април годинава. Пролонгирањето е направено преку усвоен амандман денеска на Комсисијата за финансирање и буџет, каде се разгледуваат законските решенија од петиотиот пакет антикризни мерки.