За потрошувачкиот сектор, Индија е сè поинтересна наместо Кина

86

За компаниите од потрошувачкиот сектор, Кина веќе не е најинтересниот светски пазар, туку станува – Индија. Како што пишува Ројтерс, Индија стана следната голема можност за PepsiCo, Unilever и другите гиганти од прехранбената индустрија и производите за широка потрошувачка, кои бараат нови пазари за раст поради нерамномерното економско закрепнување во Кина. Со оглед на тоа што индиската економија расте со најбрза стапка меѓу главните пазари во развој, западните компании се обидуваат да ги задоволат различните вкусови на индиското население со лансирање производи прилагодени на тој пазар, со цел да го привлечат огромното население во земјата.

– Додека минатата деценија компаниите се фокусираа на продажбата во Кина, следната деценија ќе бидат фокусирани на продажбата во Индија – рече Брајан Јакобсен, главен економист во Annex Wealth Management. – Мора да се фокусирате таму каде што демографските и економските ветришта се во ваша корист – додава тој аналитичар.
Наспроти ова, се очекува да се зголеми комбинираниот пазарен удел на петте најголеми мултинационални компании – Coca-Cola, P&G, Pepsi, Unilever и Reckitt – на 20,53 проценти во 2023 година, од 19,27 проценти во 2022 година, главно во категориите нега на бебиња, здравствена заштита, козметика, пијалоци и производи за домаќинството, според проценките на истражувачката компанија GlobalData.

Во последниве години, западните компании инвестираа многу во лансирање производи прилагодени на вкусот на индискиот потрошувач, како што се Пепси, Кока-Кола и Нестле. Како резултат на тоа, продажбата на домаќинствата на Coca-Cola во Индија се зголеми за 24 проценти во 12-те месеци заклучно со јуни, на Pepsi за речиси 13 проценти, на Nestle за седум и на Reckitt за околу четири проценти, покажаа податоците на Kantar.

Производителот на бонбони Mondelez International работи со партнер таму за да ја подобри продажбата на своите производи и планира да лансира нови големини на пакувања за своите производи во текот на август. Во вториот квартал, Mondalez забележа раст од приближно пет проценти во категоријата чоколада на индискиот пазар.

Фаворитот го губи сјајот
Coca-Cola забележа двоцифрен раст на обемот во Индија, додека Unilever забележа уште едно подобрување на продажбата. Регионот на Пепси во Африка, Блискиот Исток и Јужна Азија забележа раст, а компанијата очекува Индија да биде „област за голем раст“. Од друга страна, Кина забележа послаба побарувачка. Швајцарскиот прехранбен гигант Нестле објави пад на вкупната продажба во регионот на континентална Кина во последниот квартал и рече дека вкупната економска и потрошувачка ситуација таму е „очигледно послаба од очекуваното“.

– Кина отсекогаш важеше за еден вид миленик за инвеститорите, но како што видовме, тој сјај избледе – изјави Дон Несбит, виш портфолио менаџер во инвестициската компанија F/m Investments.