
Биткоинот над 40.000 долари за прв пат оваа година.
Цената на биткоинот се искачи над 40.000 долари за прв пат оваа година во раните утрински часови денес и сега е на највисоко ниво од април 2022 година.
Биткоинот денеска на најголемата светска берза за криптовалути Binance во 9:30 часот имаше вредност од 41.688,82 долари или 38.355,08 евра, па неговата вредност сè уште расте.
Како што објави „Гардијан“, цената на биткоинот од петокот се зголеми за седум отсто поради бранот очекувања дека американската централна банка, ФЕД, наскоро ќе ги намали референтните каматни стапки.
Од почетокот на годината вредноста на биткоинот е зголемена за 145 отсто, пренесува CNBC.











