За прв пат по 25 години: Тесла пред БМВ и Мерцедес

43

Во Америка по правило на листата на најпродавани луксузни брендови наизменично се менуваат германските премиум брендови, најчесто BMW и Mercedes, а ним им се придружува и Lexus. Сите останати се далеку зад себе. Така беше додека не дојде Тесла, кој суштински го промени балансот на силите.

Не само што Tesla е најпродаваниот луксузен бренд во САД, туку има и далеку подобра продажба од второпласираниот BMW. И тоа во годината во која беа забележани дополнителни проблеми во синџирот на снабдување, пад на акциите на Tesla за 60 отсто и општа стагнација на пазарот на нови автомобили, наведува Index.hr.

Во такво опкружување, Tesla продаде 491.000 автомобили во Америка, додека BMW го освои второто место со 332.388 продадени примероци. Мерцедес е на третото место со 286.764 продадени примероци, а Lexus му дише во врат со 285.704 продадени примероци. Следат Audi, Cadillac, Acura и Volvo со значително помала продажба.

„Не само што клиентите сакаат електрични возила, туку оној што продава само електрични возила сега е лидер во продажбата“, изјави Тајсон Џомини за Automotive News. „Ако сакате да бидете на врвот на луксузниот сегмент, треба да ја победите Тесла, а тоа треба да го направите со електрични возила.