За прв пат произведен челик без користење фосилни горива

39

Шведската компанија S SAB прва во светот произведе челик без користење фосилни горива и го испорача до првиот купувач, Volvo групацијата.

Првиот безфосилен челик е произведен со употреба на 100% водород наместо со јаглен и кокс.

“Првиот безфосилен челик во светот не е само голем чекорт за S SAB, туку претставува доказ дека е можно да се изврши транзиција и значително да се намали јаглеродниот отисок во челичната индустирија“, изјави извршниот директор на компанијата Мартин Линдквист.

Според Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), при производство на железо и челик годишно се емитуваат 2,6 гигатони јаглерод. Во 2019 година, таа бројка беше повисока од количината на директни емисии на штетни гасови при производството на цемент и од хемиската индустрија.