За прв пат, Турција оствари повеќе од еден процент од глобалниот извоз

43

За прв пат во историјата, Турција постигна повеќе од еден процент удел во глобалниот извоз, изјави министерот за трговија на земјата, Мехмет Мус, јавува Anadolu Agency.

Мус во објава на својот Твитер профил напиша дека овој удел се движи од 0,14 проценти забележан во 1980 година, а над 0,43 во 2000 година.

„Турските производи сега се извезуваат низ целиот свет“, рече Мус, соопштувјќи податоци според Светската трговска организација и Турското биро за статистика (ТуркСат).

Според ТуркСат, извозот на Турција во периодот од април до јуни годинава бил на ниво од 55 милијарди долари.