За седум месеци: Србија оствари рекордни 1,5 милијарди евра приход од туризмот од странски гости

35

Од јануари до јули годинава Србија оствари рекордни 1,5 милијарди евра приход од туризмот од странски гости, што за седум месеци го надмина резултатот од целата 2019 година, изјави денеска државниот секретар во Министерството за туризам и млади Урош Кандиќ.

Кандиќ вели дека за седум месеци од годинава девизниот прилив е зголемен за 16 отсто во однос на истиот период од минатата рекордна година и дека е за речиси 10 отсто поголем од цела 2019 година.
– Последниот септемвриски барометар на Светската туристичка организација покажува дека станува збор за многу забележлив раст, според кој Србија сè уште е на самиот врв на светот по стапка на раст на приходите од меѓународни гости во однос на периодот пред пандемија, која повеќе од двојно се зголеми – рече Кандиќ.
Тој нагласи дека со значителниот раст на девизниот прилив, туризмот е меѓу најважните учесници во секторот за извоз на услуги и сочинува околу една петтина од вкупниот извоз на услуги во Србија.