За сите што водат мали бизниси

17

otvoreno

Фото: Pexels

Кога водите сопствен бизнис, имате работа со многу луѓе и проекти коишто го трошат вашето време. Вашата продуктивност влијае на продуктивноста на компанијата и затоа од клучно значење е да бидете ефикасни.

Еве неколку трикови за да дојдете до тоа.

Листата со приоритети нека биде кратка

Кога секоја задача што треба да ја завршите се наоѓа на вашата листа со приоритети, истата ќе ви изгледа премногу долга. Експертите велат дека на неа не смее да има повеќе од 10 точки. Приоритети се навистина важни задачи што МОРА да се завршат во одредено време, останатите обврски можат и мораат да се одложат, ако сакате да бидете продуктивни.

Скратете ги состаноците на 30 минути

Иако можат да завршат за многу пократко време, состаноците постојано се оддолжуваат. Сведете ги на максимум 30 минути (освен ако е потребно повеќе внимание и време) и разговарајте само за она што е тема на состанокот, кратко, јасно и концизно.

Барем еден ден во месецот посветете на долгорочните планови

Секој соственик на мал бизнис треба да практикува време за размислување, односно да одвои барем еден ден во месецот кога целосно ќе се посвети на долгорочните планови, без телефонски јавувања, мејлови и слично. Само така ќе може квалитетно да се концетрира на големите прашања – Во кој правец се движиме? Што треба да подобриме/промениме? и слично.

Без опширни анализи пред донесување на заклучок

Можеби звучи чудно, но понекогаш треба да донесете одлука без премногу анализирање. Или со други зборови, направете ја потребната анализа, соберете ги важните информации, но немојте да го одолговлекувате моментот на донесување на одлуката, тоа создава фрустрација кај сите.

Еден ден неделно без состанок

Одредете еден ден во неделата кога нема да имате состаноци и посветете се на важните задачи без било какви прекинувања. Експертите велат дека тоа е добра алатка за добивање на време и зголемување на ефикасноста.