За стан од 150 квадрати искеширани 1,4 милиони евра

133

Најскапо продадениот квадрат станбен простор во Србија, во текот на минатата година, бил во комплексот Белград на вода. Според податоците, станот бил платен точно 1.444.888 евра, по цена од 9.632 евра за 150 квадрати.

Овој стан припаѓа на новоградба, додека највисоката цена кај староградбата е 4.452 евра по квадрат за стан на улицата Крал Петар во општината Стар град, што е платен за 325.000 евра.

Според официјалните податоци, што ги пренесуваат српските медиуми, за стан со површина од 431 квадрат во Белград се платени 1.461.000 евра, што е за 16.112 евра повеќе одошто за 150 квадрати во Белград на вода.

Од друга страна, најскап квадрат за деловен простор е продаден во Нови Сад и тоа 11.026 евра за метар квадратен, додека највисоката договорна цена на деловен простор, исто така, е во Нови Сад.

Вкупниот обем на парични средства на пазарот на недвижнини во Србија во 2020 година изнесува 4,2 милијарди евра, што е за 2,3% повеќе во однос на 2019 година.

Фото: Pexels