За три милиони евра се откажуваат од нивниот препознатлив коњак

Европската унија е подготвена на Ерменија да ѝ даде три милиони евра доколку се откаже од називот “коњак“ при означување на нејзините алкохолни пијалаци. Оваа отстапка на Ерменија би требало да ѝ донесе поголеми шанси за интеграција во ЕУ, додека експерти оценуваат дека жртвувањето на еден од главните брендови на земјата може да ја намали финансиската вредност на овој пијалак.

Договорот за сеопфатна партнерство меѓу ЕУ и Ерменија од 2017 година е предвидено Ерменија да се откаже од употреба на називот “коњак“ којшто е законски заштитен. Обележјето “коњак“ може да го носат пијалаци што се произведуваат во францускиот регион Шарант, каде се наоѓа истоимениот град. Ерменската влада веќе го одобри финансискиот договор со ЕУ, за што ќе добијат три милиони евра.

Главниот пазар за извоз на коњакот од Ерменија од секогаш била Русија и земјите од поранешниот Советски сојуз, пренесува Спутник.

Според договорот меѓу Ерменија и ЕУ, земјата ќе мора да ги отстапи називите “ерменски коњак“ и “шампањ“ и повеќе да не ги користат.

Според договорот, на Ерменија ѝ се дадени 14 години за да се откаже од називот “коњак“ на локалниот пазар и 25 години да престане да го користи називот во странство.

Фото: Freepik