За влез и излез од земјава, негативен ПЦР тест, доказ за примена вакцина или прележан Ковид

297

Дополнителна мерка ќе биде разгледана утре за влез и за излез од земјата, според која ќе се бара вакцинален сертификат, негативен ПЦР-тест или потврда за прележан ковид, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

“Се размислува за воведување дополнителна мерка, а тоа е за влез и излез во државата без разлика дали се наши или странци, ќе биде потребен доказ за вакцина, негативен ПЦР тест или доказ дека прележале болеста. Утре ќе се разговара како за мерката така и за тајмингот како ќе биде имплементирано, бидејќи многу граѓани сега се надвор од земјава“, рече министерот.