За време на „патувачката треска“ во Кина се забележани 1,5 милијарди патувања

21

Четириесетдневната „патничка треска“, по повод кинеската Нова година, официјално заврши со повеќе од 1,5 милијарди патувања објави  China Media Group (CMG).

Сезоната на патувања, позната и како „чунџун“, започна на 7 јануари, а заврши на 15 февруари, а голем број патувања беа овозможени со олеснување на мерките против корона вирусот, пренесува Бета.

Во вторникот, Железничката станица во Пекинг Фенгтаи, најголемиот патнички железнички центар во Азија, сè уште беше раздвижена со патници кои влечеа и носеа багаж додека излегуваа од возовите. Нестрпливите патници ги преполнија железничките станици, аеродромите, рестораните, туристичките атракции и сместувањето за време на 40-дневниот одмор.